Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Започна реализацијата на проектот за изградба на отворено спортско игралиште во училиште во липковско Ропаљце

Започна реализацијата на проектот за изградба на отворено спортско игралиште во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реализацијата на проектот за изградба на отворено спортско игралиште во рамки на подрачното основно училиште „Култура“ во село Ропаљце, Општина Липково, соопштија денеска од Владата. Проектот има за цел создавање современ и функционален простор за спорт и рекреација, наменет за учениците и младите од локалната заедница.

-Инвестицијата изнесува 5.098.115 денари и претставува значајно вложување во подобрување на условите за спорт и рекреација во Општина Липково, наведуваат од Владата.

Новото игралиште ќе обезбеди безбедни услови за одржување на спортски активности, поттикнување на физичката активност и развој на спортскиот дух. Со реализацијата на проектот се унапредува спортската инфраструктура и се создава дополнителна вредност за образовната средина.