Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Започна изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Започна изградбата на автопатот Тетово – Гостивар во должина од 18 километри.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна изградбата на автопатот Тетово – Гостивар во должина од 18 километри. Денеска беше поставен камен темелник за старт на градежните работи кои треба да траат две години. За премиерот Мицкоски , градежната експанзија во Македонија треба да придонесе за остварување на една цел, а тоа е земјава која нема излез на море автопатски да се поврзе со сите пристаништа во регионот. Тоа би довело до повеќе патници и до побрзо проширување на бизнис активностите на фирмите. Потенцираше дека Македонија во моментов е огромно градилиште и дека заедно со локалните проекти ќе се гради на над 1200 локации на територијата на државата.

„Овој пат ќе го возат и ќе го користат и Македонци и Албанци и турци и Срби и Власи и Роми и бошњаци и од други националности, туристи коишто ќе се упатуваат до нашите планински бисери, до нашите езерски бисери како што е Охридското езеро. И тоа е иднината на нашата заедничка татковина Македонија којашто сите си ја сакаме и почитуваме, но со дела. Само со дела можеме да ја сакаме и можеме да ја почитуваме“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За две години, експресниот пат Тетово-Гостивар ќе прерасне во модерен автопат според сите светски стандарди – најави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Вели дека експропријацијата на земјиштето се одвива со забрзана динамика. Прогресот во овој дел бил пет пати поголем од претходно, со што се отворил фронт за градење во должина од 68 километри низ државава.

Реклама

„Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денеска во април 2025 година имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати“ – рече Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Наместо гламурозни прес конференции и рекламни спотови, денеска се слуша вревата на булдожерите – рече Вицепремиерот Изет Меџити, алудирајќи на претходната Влада која неколкупати се сликаше на оваа делница, без притоа да започне да го гради автопатот. Со изградбата на патот Тетово-Гостивар, според него, Полог ќе прерасне во раскрсница на можности и инвестиции.

„Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази“ – вели Изет Меџити – Вицепремиер и министер за животна средина.

Досегашниот недостаток на прогрес во изградбата на оваа делница ја нотираше и директорот на ЈП за Државни патишта.

„Договорот за оваа делница е потпишан во март 2023, а во јули 2024 наследивме само две информативни табли и ништо повеќе. Но, сега го гледате напредокот, се работи на трите делници, односно на Прилип-Битола, Гостивар-Букајчани и сега на Тетово-Гостивар“ – рече Коце Трајановски – директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Од Бехтел и Енка ветуваат дека забрзано ќе градат, но и дека ќе го сведат на минимум нарушувањето на сообрачајот во овој дел. На проектот работат 1700 лица, а половината од ангажираните се од полошкиот регион. Бројот на вработени треба да се зголеми на 2600 луѓе, па компанијата интензивно трага по кадар.

Проектот за изградба на автопатот Тетово – Гостивар опфаќа 9 натпатници од кои: 8 натпатници за поврзување на  локалните патишта со новопроектиранит паралелен пат и 1 натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште. Изградбата на автопатот Тетово – Гостивар ќе чини 90 милиони евра.