Случајот со срушената спомен куќа на Владо Малески,влезе во обвинителството.Но кој ќе седне на обвинителна клупа, засега е неизвесно. Од таму без детали,само потврдуваат дека е оформен предмет за афтентичниот објект од 19 век, кој беше срамно срушен.
„Основното јавно обвинителство Струга нареди вештачење кое е извршено и доставено до обвинителството. Во моментов се преземаат други дејствија на проверки и обезбедување докази. Со оглед на тоа што предметот е во фаза на предистражна постапка, обвинителството не е во можност да споделува детали во однос на дејствијата“, велат од ОЈО.
Заменик министерот за правда Ален Деребан неодамна порача да сеобезбедат сите матерјални докази.Станува збор не за едно,туку за повеќе кривични дела,цени Деребан.Како што кажа,одобрението за градба на соседниот објект кое Мерко го одобрил пред една година,по скандалот експресно го поништил решението, со образложение дека на лице место се спроведува проект различен од оној кој го одбриле надлежните институции.

“Покрај кривично дело бесправно градење, кривично дело и уништување и рушење на објект, недвижен имот прогласен за културно наследство за кое што во кривичниот законик е предвидена казна од 3 до 10 години но и други кривични дел.И да се откријат сите сторители, од оние кои учестувале во целата постапка пред донесување на одобрението за градење, до моментот кога како последица на градежните работи кои што ги изведувал инвеститорот дошло до рушење на конкретниот објект”-вели заменик минстерот на правда, Ален Деребан
Од охридскиот Завод и музеј имаат на располагање еден месец да превземат итни преветнивни мерки.И од таму очекуваат одговорност,бидејќи не може тукутака да снема дел од историјата на Струга.
“Не само што очекувам, туку се надевам дека ќе има и обештетување,мора да се надохнади таа штета на објектот. Бидејќи објектот е навистина од слаб матерјал,ѕид од камен,со плит со дрвена кровна конструкција во секој момент може да се направи поголема штета.Да се обруши целиот кров, затоа е потребно да се исчисти теренот”-вели Горан Патчев-директор на Завод и музеј-Охрид
По завршување на конзерваторските истражувања,ќе се почне со изготвување на проект за санација или целосна реконтруција на куќата која од 2016-та година е ставена под заштита на државата.
