Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Запленетата белвица од рибокрадците завршува на маса кај охридските затвореници

Господски живот на затворениците од Казнено поправната установа Затвор Охрид,се хранат како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Господски живот на затворениците од Казнено поправната установа Затвор Охрид,се хранат како богови –со највкусната риба,белвицата  која ги задоволува апетитите дури и на најпребирливите гурмани.Бидејќи Охридското езеро нема стопан, рибата од мрежите кои ги запленува полицијата, се носи во охридскиот затвор. Директорот на установата потврди дека на осудениците им принесуваат богата трпеза исклучиво од белвици, оти им било страв да не им залетне од другите риби кои завршуваат како улов. Спортските риболовци гневни ендемичните видови риба пастрмтката и белвицата се пред истебување велат и треба да се стават на црвената европска и светска листа на загрозени.

Државата го остави Охридското езеро без концесионер,една година никој не се грижи за зачувување на рибниот фонд-напротив бидејќи стопан нема, се врши масовно рибокрадење а никој до сега не одговарал за недозволен риболов, иако тоа е кривчно дело според член 229 од кривичниот законик.Полицијата само ги запленува мрежите, а уволената риба се носи во охридскиот затвор.

  • Оваа година од страна на надлежните институции не е поднесена ниту една кривична пријава против познат сторител.Сите кривични пријави што се поднесени од страна на полицијата се против непознат сторител.Тоа нема да го сузбие недозволениот риболов односно рибократството.Мора да се штити рибниот фонд, да се поднесуваат пријави против познати сторители, а не само да се прибираат мрежите и рибата да завршува во затворите мора под итно нешто да се превземе-рече Радован Димитриески-С.Р.Д. “Свети Апостол Павле”.

Димитриевски вели дека Охридското езеро не треба да се издава под концесија најмалку 10 години,а потоа да се направи студија за улов на одредена количина риба.Актуелната законска регулатива која го дефинира работењето на концесионерите е жив грабеж. 

Реклама
  • Концесионерот има право да фрла повеќе од 30 км мрежи само за еден вид риба што би значело да го прегради езерото од Струга до Свети Наум.Така да ова ни личи нас ако се додели концесија за стопански риболов да му се дозволува на волкот да го штити трлото-вели Радован Димитриески-С.Р.Д. “Свети Апостол Павле”.

Државата нема никаков екононски бенефит од концесионирањето, затоа што со ваквиот начин на стопанисување во косата се слеваат околу 6 милиони денари,додека пак дражавата по основ на субвенции и вештачки мрест им дава на концесонеите повеќе од 14 милиони денари годишно.И во една ваква ситуација, дневно на црно се ловат од 500 до 1 тон риба-велат спортските риболовци.

Росица Голабоска