Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин

Националната комора на занаетчиите на Македонија изразила јасна и недвосмислена поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната комора на занаетчиите на Македонија изразила јасна и недвосмислена поддршка за активностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, насочени кон институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во Европа, кој се вади и обработува исклучиво во Прилеп и Мариово.

Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на средбата со Божиновска присуствувале претседателот на Комората, Агрон Фазлији, Соња Вељанова член на надзорниот орган, директорката на Републичката комора, Јелена Спасова, како и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко.

-Претставниците на Комората оценија дека институционалната заштита што ја иницира министерката ќе внесе „силен ветер во грб“ на македонското занаетчиство. Тие посочија дека уникатни рачно изработени парчиња накит и уметнички дела со македонски рубин ќе ја претставуваат земјата пред светот, како автентичен симбол на нејзиното природно и културно наследство, стои во соопштението.

Реклама

Во знак на благодарност, Божиновска добила симболичен подарок – рачно изработен клуч дизајниран од Соња Вељанова, во кој се вградени минерали од македонската почва, наречен „Македонски клуч“. Овој уникатен подарок, изработен со традиционални занаетчиски техники, претставува симбол на отвореност, доверба и заеднички пат кон зачувување на националното наследство.

Занаетчиите, во рамките на разговорот, истакнале подготвеност активно да го поддржат процесот на заштита и промоција на македонскиот рубин, но и побараа поддршка од Министерството за создавање услови за развој на занаетчиството. Тие нагласија дека е потребна институционална помош за олеснување на административните и финансиските бариери со кои се соочуваат, меѓу кои и високите сметки за електрична енергија. Дополнително, беше нагласена потребата од креирање програми што ќе привлечат млади луѓе кон занаетчиството, со цел да се спречи изумирањето на оваа автентична традиција.

-Министерката Божиновска ја потврди својата посветеност кон процесот на заштита и афирмација на македонскиот рубин, но и ја нагласи важноста на занаетчиите како чувари на културното и природното наследство: „Верувам во нивната моќ и талент. Ќе направиме сè Македонија да ја зачува својата автентичност, да го поддржи творештвото и да обезбеди иднина во која традицијата живее преку рацете на нови генерации. Македонскиот рубин е дел од националниот идентитет. Заедно со занаетчиите, ќе работиме да ја пренесеме неговата вредност во секој изработен примерок, за Македонија да се претстави пред светот со автентичен симбол на својата убавина и традиција, стои во соопштението на Министерството.