Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

„Замислете што ќе прави премиерот Талат Џафери, кога гледаме што прави претседателот на Собрание Талат Џафери“

Замислете што ќе прави премиерот Талат Џафери, кога гледаме што прави собраниски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Замислете што ќе прави премиерот Талат Џафери, кога гледаме што прави собраниски спикер Талат Џафери, предупредува неговиот довчерашен сопартиец Изет Меџити. Изборот на член на ДИК на предлог на албанската опозиција, стана причина власта да прави драми во Собранието и на еден начин да бара влакно во јајце, за да не се избере член на Комисијата. Според Меџити тоа е доказ дека СДСМ и ДУИ се исплашени од голем пораз на изборите и ќе тргнат во обид за изборен фалсификат.

-Замислете од законодавна власт кои проблеми ги створува и може да замислиме какви проблеми ќе направи кога ќе биде на функција технички премиер. И ова покажува и докажува дека се исплашени од избориве, ги чека казната на народот и затоа посегнуваат по вакви сценарија за фалсификување на изборите, се да има само фер и демократски избори да нема, вели Изет Меџити за Алфа.

Во оваа ситуација и со ваков состав ДИК можеби ќе биде и нефункционална, кога после изборите би имало жалби од политички партии. Според Меџити токму тоа е и целта на власта.

Реклама

Правната држава е на дно, остана само изборите да ги валкаат, така и почнаа. ДИК е предвидено претседател да е од опозиција и да има седум члена, непарен број за полесно да функционира. Но, сакаат нешто друго, да ја остават ДИК со шест члена и тоа значи дека често може да дојде до одлуки, каде што ќе биде 3:3 и мора да се оди на Управен Суд, вели Меџити.

Меџити вели дека власта сама се заглавува во својата кал, бидејќи секој член на ДИК некогаш бил член на некоја партија, а како пример го даде и Кренар Лога, кој во моментов е министер.

-Нашиот кандидат што е предложен таму, нема никаква политичка функција, за тоа има заверено и на нотар и се како што е предвидено со законот. Така да, не држи ниту еден аргумент на господинот Џафери. Овој сегашниов министер за правда до вчера беше на член на ДИК, така да само се вплеткува во мрежата за фалсикување на изборите, вели Меџити.

Инаку последно, за власта голем проблем стана што предлогот на БЕСА, односно здружената албанска опозицијата, Абдуш Демири, во својата биографија напишал дека во минатото бил генерален секретар на својата партија, па поради тоа решија да го блокираат неговиот избор во Собрание, иако во моментов нема никаква партиска функција. Инаку, Талат Џафери испрати писмо до албанската опозиција најдоцна до понеделник, 18-ти декември да достават свој предлог за член на ДИК, иако веќе имаат предложено.

Матеја Петровски