Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Заменик-министерот Ристески дел од владината делегација на чествувањето на загинатите бранители пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп

Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Лазе Јаќимоски, заменик-министер за јавна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Лазе Јаќимоски, заменик-министер за јавна администрација и Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање денеска на споменикот Карпалак во Прилеп положија цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

Во обраќањето пред семејствата на загинатите и многубројните делегации кои оддадоа почит на загинатите бранители, заменик-министерот Ристески изрази почит кон Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски, за нивната храброст и пожртвуваност.

-Овие луѓе се големи херои на Македонија, но тие беа и наши сограѓани, нашите соборци, наши синови, татковци, сопрузи… Тие беа подготвени и ја дадоа најголемата жртва за нашата татковина, нешто што никој од нас ниту смее, ниту може да го заборави. Нивните имиња вечно ќе останат во нашата меморија, а наша должност е достоинствено да ги чествуваме, да се сеќаваме на нивната жртва и да го пренесеме нивното херојство и љубов кон Македонија на идните генерации, рече заменик-министерот Ристески.

Реклама

Во Прилеп вчера голем број делегации положија цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“.

Чествувањето во спомен на загинатите бранители продолжи денес со посета и оддавање почит на споменикот во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, како и во Прилеп, со положување цвеќе на нивните вечни почивалишта и со панихида во црквата „Света Петка“ во Точила.

Пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одржа централното одбележување на 24 годишнината од нивната смрт, каде цвеќе положија голем број државни делегации, членови на семејството и пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии, здруженија на граѓани и здруженија на бранители.