Реклама
Македонија

🎥 Законски измени: За брзо возење и под дејство на алкохол нема да се остане само без возачка дозвола, туку и без автомобил

Возачите кои летаат по македонските патишта, без возачка дозвола и пијани ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачите кои летаат по македонските патишта, без возачка дозвола и пијани ќе останат и без автомобил. Новите законски измени кои се планираат,  треба да ги стават во колосек сите што безобѕирно лудуваат по градски улици. Најмалку на 120 локации во главниот град системот „Безбеден град“  ќе мери прекшоци, а казната ќе ја добијат во порака побрзо од што очекуваат, порачува началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Во разговор за Алфа тој е дециден дека полицијата на никој што направил прекршок нема да му прогледа низ прсти, како што имало случаи во минатото.

  • Се предвидува одземање на моторно возило, кога се исполнети овие услови, кога безобѕирно управува моторно возило, притоа нема возачка дозвола, вози под дејство на алкохол, прекорачува брзина, предизвикува сообраќајна незгода и чест нарушител на овие прекршоци. Во нашата база е вметнат дека неколку пати му се случило тоа, во краток период во годината. Да, во новиот закон предвидува одземање на моторно возило, вие не можете да возите во град со 120 каде што е дозволено 50, и да очекувате дека ќе ве застанат и само ќе ве казнат“ вели во разговор за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

Полицијата сега пишува канзи на терен, но плаќањето во многу случаи се одолговлекува со жалби и судски постапки. Во иднина целта е ова да се промени и канзата да се извршува веднаш, за да не може никој да го изигрува системот.

  • Ако вие сте сториле две казни, ќе мора следниот месец да ги платите. Ако тие бидат потешки, ќе мора да ги платите со нешто друго, со одземање на возачка, поново полагање, тоа ќе важи за професионалните возачи и со трајно одземање на возилото. Јавноста во моментов ја гледа можноста дека ќе има казни, но не ја осеќа. Со новиот закон ќе ја осети. Многу брзо, репресивноста на законот ќе ја осети. Кога ќе треба од месечниот буџет за казни наместо за одмор, мислам дека нема да брза за работа или за било каде“ дециден е началникот Топаловски.

Драфт верзијата на законските измени за ставање во функција на системот Безбеден град беа закачени на ЕНЕР и сите засегнати и граѓаните можеа да остават забелешки. Сега се доработува и се корегираат недостатоците кои биле забележани, па треба да влезе во владина процедура. Од таму ќе оди пред пратениците кои треба да го разгледаат и изгласаат. Откако ќе биде ставен во функција, најавите се дека ќе има пробен период во кој ќе стигаат казните во порака и на меил но нема да се плаќаат, а ќе се искористи и за да се проват системски аномалии пред целосно да биде ставен во функција.

Реклама

Во меѓувреме од полицијата со предупредување до моторџиите и до родителите на малотенците кои управуваат мопеди, да возат со соодветна опрема и да ги почитуваат прописите, за да не се случуваат трагедии со фатални последици.

  • Родителите се тие кои што на деца кои се малолетни им дозволуваат многу често да возат мотор, или ако се изразам најслободно, они самите им ги купуваат тие мотори. Пак еден апел да дадам, не давајте, не купувајте на деца моторче, затоа што во нашиот закон пред 16 години вие неможете да полагате ниту за мотор ниту за кола. Затоа кога ќе го дадете вашето моторче на вашето дете, може тоа да има задоволство, но може и да предизвика сообраќајка и со трајни последици“ апелира Топаловски – Началник на СВР Скопје.

Полицијата изминатите два месеци има спроведено и неколку акции за ловење на моторџиите. Граѓаните пријавувале во повеќе наврати во полициските станици дека ги вознемирува тоа што возат дури и по пешачки  премини. И родителите ги повикуваат на советување во полиција за да не им купуваат или даваат клуч на своите деца доколку немаат возачка дозвола.