Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Законот за волонтерство ќе биде по примерот на европските закони, следува отворен и инклузивен процес

Почеток на процес на реформа на Законот за волонтерство по примерот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почеток на процес на реформа на Законот за волонтерство по примерот на европските закони најави вечерва министерот за економија Бесар Дурмиши, кој имаше воведното обраќање пред утрешниот почеток на Првата регионална конференција за волонтирање „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот”.

Според Дурмиши, процесот ќе биде отворен и инклузивен и ќе бидат консултирани сите засегнати страни – од организациите што ангажираат волонтери, до самите волонтери, експертите и локалната самоуправа.  

– Оваа конференција е прва и е почеток на разговорите што ќе продолжат во институциите, граѓанските организации, во нашите партнерски организации во регионот и Европа. Верувам дека во овие два дена ќе слушнеме многу идеи што можат да ја променат реалноста. Наша задача е да им дадеме живот на тие идеи и да покажеме дека волонтерството е една од највредните инвестиции во општеството, да покажеме дека регионот може да гради мостови, да споделува искуства и да создава нови модели на соработка, рече Дурмиши.

Реклама

Законот, како што посочи, мора да ги одразува новите реалности затоа што општеството се менува, а со него мора да се менува и волонтерството. 

– Балканот има репутација на место со бројни предизвици, но, вистината е дека на Балканот живеат луѓе кои навистина ја разбираат вредноста на солидарноста. Во последните години видовме колку е голем придонесот во хуманитарни акции, во локални иницијативи, па и во ситуации како онаа со трагедијата во Кочани. Општеството се менува, а  волонтерството мора да се менува со него. Живееме во време на брзи промени и начинот на кој функционираме, работиме, комуницираме – сето тоа радикално се промени последната деценија, нагласи Дурмиши.

Според евроамбасадорот Михалес Рокас, конференцијата којашто официјално почнува утре, доаѓа во вистинско време. 

– Таа доаѓа во време кога не смееме да изоставиме никого и кога мораме да ги вложиме сите можни напори, за да ја внесеме оваа држава, Северна Македонија, во Европската Унија, рече Рокас. 

Конференцијата, чие што официјално отварање е закажано за утре во 9 часот, во организација на Асоцијацијата за спорт и волонтерство (АСВ) во партнерство со Министерството за економија и труд на Македонија и со поддршка на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и на партнерските ЕУ организации: Центарот за европско волонтерство (CEV) и Конфедерацијата на европските услуги на сениорски експерти (CESES).

На официјалното отворање, според најавата на организаторот, ќе се обратат министерот за европски прашања Орхан Муртезани и извршниот директор на ЦЕСЕС Брисел, Исмаел Паез Цивико.

– Конференцијата има за цел да поттикне отворени и конструктивни дискусии, да овозможи создавање регионални партнерства, како и да придонесе кон заедничко креирање политики за развој на волонтерството. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на сениорите – волонтери над 50 години чиј долгогодишен професионален и општествен ангажман претставува значаен потенцијал за пренос на знаење, меѓугенерациско разбирање и зајакнување на заедниците. На настанот ќе учествуваат високи претставници на институциите од земјата и регионот, министри и заменици-министри, претставници на граѓанскиот и приватниот сектор, меѓународни организации и академската заедница, соопштија организаторите.

Конференцијата се организира во рамки на прогласувањето на 2026 година за Меѓународна година на волонтерите за одржлив развој (IVY 2026) од страна на Обединетите нациии.