Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Законот за верски училишта е направен согласно уставните одредби и е во согласност со важечките законски прописи

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Кристина Костова „СДСМ забораваат да кажат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Кристина Костова

„СДСМ забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата.

Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ е изготвен врз основа на уставните одредби, кои предвидуваат верските заедници да можат да основаат училишта, како и согласно сите претходно пристигнати сугестии во надлежното министерство.

Реклама

Законското решение ги става учениците од овие училишта во еднаква положба, односно се изедначуваат нивните права со правата на останатите ученици во другите училишта. Тоа е суштината, примена на принципот на еднаквост на сите ученици, односно еднаков пристап од образование.

Па така, доколку ученик од средно верско училиште сака да се запише на факултет кој е надвор од областа која ја изучувал во средното образование, наместо училишна, потребно е да одбере државна матура, на која ќе треба да го полага соодветниот предмет, Тоа значи дека треба да се подготви за полагањето, да го совлада материјалот по тој предмет.

Нема ништо противуставно. Едноставно, се нуди решение за долгогодишен предизвик кој учениците од верските училишта ги ставаше во нееднаква положба со сите останати ученици.

СДСМ не мора да го поддржи предлогот. Тие ниту работеле, ниту ќе работат во интерес на младите и воопшто на граѓаните на Македонија. Нивните лоши политики во образованието и сите други сфери, иселија 17 илјади ученици и 7 илјади студенти во период од 7 години.“