Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Законот за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација, вели Мицкоски

Законот за правична застапеност, покрај соодветна застапеност, ќе го подобри квалитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за правична застапеност, покрај соодветна застапеност, ќе го подобри квалитетот на работа на администрацијата – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, а кој присуствуваше на реконструкција на улица во општина Шуто Оризари. Законот набргу треба да оди во собраниска процедура, ги поминал сите филтри на Владата, добил позитивно мислење од Венециската комисија и покрај правичната застапеност, ќе понуди и квалитет, што, како што посочи премиерот, досега можеби не бил ставен во фокусот.

– Јас мислам дека со овој закон за правична застапеност, конечно, ќе се надминат сите стереотипи од минатото, сите антиуставни елементи, сето она што претставуваше, би рекол, камен на сопнување во минатото. Конечно, се нуди решение што ќе ги реши овие проблеми и да можеме сите заедно правично застапени да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија – изјави Мицкоски.

Премиерот смета дека главна цел на носењето на законот е подобрување на квалитетот на функционирањето на администрацијата. Тој дополни дека како Влада и тој како претседател се согласиле на условите што биле побарани од синдикатите – Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудствто на Македонија (САДУ) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните – УПОЗ на последната седница на Економско-социјалниот совет во однос на зголемување на платите и нагласи оти е важно да се добие подобар квалитет од администрацијата.

Реклама

– Тоа ни е главна цел. Јас на последниот Економско-социјален совет пред партнерите, но и пред синдикатите на синдикалните подружници во администрацијата и САДУ и УПОЗ, се согласив на условите како претседател на Владата, на условите што тие ги бараа од Владата. Но, тогаш поставив едно прашање: Дали вие сте сложни ние да го мериме задоволството на граѓаните од работата на администрацијата? Ние веќе тоа го мериме трет месец по ред – рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека денеска нема да ги споделува бројките, но најави дека на следната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги претстави пред партнерите.

– Затоа што, еве, историски договор, историско покачувања на платите, сето она што се бараше од нас како Влада ние го направивме, сега очекуваме заедно со граѓаните од страна на администрацијата да добиеме подобар квалитет – изјави премиерот.

Тој додаде дека е свесен оти со едно законско решение не може да се реши сè нагласувајќи дека е потребна свест и да се работи и на менталитетот и повтори дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги претстави резултатите пред партнерите.