Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Законот за игри на среќа е прифатен во прво читање

Законот за игри на среќа за прв пат влегува во собраниска процеура со прво  читање на Комисијата за финансирање и буџет.Според заменик министерот за финансии НиколчеЈанкуловски, конечно имаме сеопфатно, попрецизно и посистематизирано уредување на условите за игрите на среќа и забавните игри, но и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Сето ова во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за игри на среќа за прв пат влегува во собраниска процеура со прво  читање на Комисијата за финансирање и буџет.Според заменик министерот за финансии НиколчеЈанкуловски, конечно имаме сеопфатно, попрецизно и посистематизирано уредување на условите за игрите на среќа и забавните игри, но и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Сето ова во полза на заштита на граѓаните, особено на младите и ранливите категории.

-Предложените законски решенија се резултат на детална анализа на состојбите во областа на игрите на среќа, следење на современите регулаторни трендови и потребата од воспоставување на поефикасен и поодржлив систем на регулирање на оваа дејност.Со новиот закон се забрануваат секакви начини на рекламирање, меѓу кои и на надворешниот дел на излозите на деловните простории. Кај приредувачите на посебни или електронски игри се дозволува само една реклама воголемина од 100 на 30 сантиметриистакна НиколчеЈанкуловски,-заменик министер за финансии

За пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ недоволна била одалеченоста на коцкарниците од 500 метри од образовните институции, оти ќе биле во близина на децата и адолесцентите.

Реклама

Сметам дека ограничивањето на финансирањето за оваа органзација и ограничувањето и вадењето на други организации од листата на финансирање сметам дека и те како може да го наруши делувањето или поддршката на ранливите катергории кои што претходно биле поддржани со средствата од овој закон и игрите на среќа-истакна Фатмир Битиќи-пратеник

 Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ потсети дека во претходното предлог законско решение, што ги направи минатата власт одалеченоста била далеку помала, па малку е чудно што сега истите реагираат за сегашниот предлог текст. Тогаш беше прво 200 метри оддалеченост од училиштата, па 300 , па дури на крај 500 метри, па СДСМ и ДУИ му ставија и европско знаменце. Стојаноски потсети и дека тогашниот претседател Стево Пендаровски, не го потпиша, под притисок на јавноста.

-Истите тие што сега кажуваат што не е направено и што требало да се направи замислете гласале за тие закони. Сега јас тука се прашувам за која вистина ние зборуваме? Во ред е да има одредени забелешки но треба да ги погледнеме фактите, има нешто што се вика кредибилитет, има нешто што се вика образ и достоинство. Ако ние тоа го немаме и ако сметаме дека така треба да го практицираме политиката резултатите се овие кои што ќе ги имаме сегаистакна Бојан Стојаноски-пратеник ВМРО ДПМНЕ

Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа, како ниту и реклами.