Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Прилози

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се најде пред пратениците

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се најде пред пратениците за дебата. Новото законско решение предвидува избор на нов републички обвинител со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет, стои во предлог законот. Обвинителите ќе мора да одлучуваат за дисциплиска одговорност во прецизни и обврзувачки рокови, што би требало да воспостави појасна одговорност кај обвинителското функционирање.

 Од Владата велат дека овој закон е еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.

  • Донесувањето на овој Закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики. Владата веќе го достави Законот до Собранието и очекуваме негово разгледување и усвојување во рамки на Собранието“ велат од Владата.

Спикерот Африм Гаши најави дека првите закони ги очекуваат деновиве, а и агенда по која ќе се планираат расправите во законодавниот дом.

Реклама

Крајот на декември лани беше изгласан новиот закон за Судскиот совет, каде исто така се поставени јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот. 

Крајот на јануари беа коригирани скандалозните измени во Кривичниот законик од 2023-тата година. Во меѓувреме од Министерството за правда се очекува и новиот Кривичен законик.

 Владата на некоја од следните седници ќе се одлучи и за еден од кандидатите за нов државен јавен обвинител. Советот даде позитивно мислење за четворица, обвинителките Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ и Ленче Ристовска, како и за судијата од Кривичен, Ненад Савевски. Кандидатурата на екс судијата Владимир Панчевски не беше оценета бидејќи членовите на Советот сметаат дека тој не ги исполнува законските услови.