Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Закажана јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Јавна расправа „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавна расправа „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ ќе се одржи денеска во рамки на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Како што информира собраниската прес-служба, јавната расправа е закажана во 13:00 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“.

Претходно пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ до Собранието поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Реклама

„Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години“, стои во фејсбук-објавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, за којашто соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

На барањето што е поднесено до собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, потпишани се пратениците Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Мерита Колчи Кочаџику од „Вреди“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски минатата недела најави дека најверојатно в петок во Собранието ќе се одржи јавна дискусија на која би се разгледувале можностите за законски измени околку заострувањето на казнената политика во сообраќајот.

Стојаноски во петокот информира дека имале разговори внатре, во пратеничката група заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Неговиот став е дека треба да се проверат оние членови во законите кои ги детерминираат казните за овие дела бидејќи вака како што се поставени некој судија може да ги толкува на еден или друг начин и веќе во понеделник ќе почнеме со постапка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието. Таа експресно брзо ќе се случи, веќе наредната недела. И да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети, за овие дела повеќе да не ни се случат. Најверојатно во петок ќе се одржи јавната дискусија“, рече Стојаноски во гостувањето на Телевизија Сител, прашан за коментар со случајот со смртта на Фросина Кулакова и протестите што се одржаа.

Тој потенцира дека сакаат да се интервенира во законите со цел, како што рече, да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.