Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Зајакнување на сајбер безбедноста: Напредна симулациска вежба за министерствата

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан“, организираше напредна симулациска вежба базирана на сценарио за сајбер напад. Овој настан има за цел да ја зголеми свеста за сајбер заканите и да го зајакне капацитетот на Владата за управување со сајбер кризи.

На Работилницата се обратија Претседателот на Владата, д-р Христијан Мицкоски, Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон и Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Во својот воведен говор, министерот за дигитална трансформација ја истакна критичната важност на сајбер безбедноста во денешната дигитална ера: „Нашиот свет постојано се менува. Пред 15 години симулациите за воени напади ќе претпоставуваа исклучиво напади преку копно или воздух – авиони, нуклеарни напади, војска или тенкови. Денес, тоа е во сајбер просторот, но со потенцијални реални и штетни последици. Пред 15 години, електронските системи страдаа од лоша употреба, незнаење или системски недостатоци. Денес се цел на стратешки хибридни воени напади од државни и недржавни ентитети.“

Реклама

Оваа симулациска вежба ја тестира нашата подготвеност, но и ја одразува нашата детерминираност да ја зголемиме нашата отпорност и да ги зајакнеме темелите на националната и регионалната сајбер-безбедност, преку соработка, помош и поддршка“, дополни Андоновски.

Поддржана од Владата на Обединетото Кралство и Британската амбасада во Скопје, симулациската вежба послужи како чекор во имплементацијата на приспособени решенија, механизми и стандарди за сајбер-безбедност за државните институции. Овие напори се дел од пошироката регионална иницијатива за подобрување на отпорноста и безбедноста на Западен Балкан.

За време на настанот, учесниците ќе се вклучат во дискусии и практични вежби наменети да го подобрат сфаќањето за хибридните и сајбер заканите. Симулацијата, исто така, ќе ја тестира подготвеноста на институциите за управување со сајбер инциденти.

Настанот означува еден од клучните чекори во напорите на земјата да ги зајакне своите капацитети за сајбер одбрана и ја поставува основата за посигурна и поотпорна дигитална иднина.