Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Зајакнување на економската соработка: Средба на министерот Бесар Дурмиши со в.д. амбасадорот на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари протоколарна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар во Македонија, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин.

Двајцата соговорници разговараа за натамошно унапредување на економските односи помеѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на продлабочување на соработката во областа на инвестициите, вработувањето и инфраструктурните проекти од взаемен интерес.

Во разговорот беше нагласена потребата од унапредување на трговската размена, како и продлабочување на соработката во секторите како што се агро-бизнисот, преработувачката индустрија, логистиката, ИКТ и туризмот.

Реклама

Министерот Дурмиши ја потврди подготвеноста на Министерството за економија и труд да биде активен партнер и сервис на катарските инвеститори, и да обезбеди поддршка во реализација на конкретни проекти.

Средбата заврши со заедничка определба за зголемување на економската динамика и зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Државата Катар.