Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Загрижувачки податоци – Македонија на врвот во регионот по бројот на заразени

Македонија е втора во регионот по број на заразени односно смртни случаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е втора во регионот по број на заразени односно смртни случаи на 1 милион жители како последица на Ковид 19. Според податоците од пред неколку часа достапни на wordlometers, со 967 заразени, односно болни Македонија е после Србија, која брои 1284. Со 56 смртни случаи на еден милион жители е на истата позиција само после Романија каде се регистрирани 63. После нас се Босна и Херцеговина , Словенија , Косово и Хрватска.

И додека по црните параметри сме во врвот, во однос на тестирањето сме долу, односно 9ти по ред , со спроведени 12 403 тестови на еден милион жители. Тука лидер е Словенија, па Србија, Романија… Комбинацијата на параметрите доволно зборува за тоа колку е исправна стратегијата на власта за справување со Ковид кризата.

И со вакви бројки Македонија се подготвува за избори. Истовремено за избори се подготвува и Србија,во втората половина на јуни. Одредени партии во српската опозиција не се сложуваат со брзите избори, и не стивнуваат критиките дека нашиот северен сосед оди во погрешен недемократски правец. За ваквото однесување реагираат и европарламентарците. Имено Единаесет члена на Европскиот парламент од групата „Европска обнова“ во која има и членови од партијата на францускиот претседател Макрон, испратија писмо до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во кое предупредуваат на недемократскиот амбиент во кој се планирани српските избори.

Реклама

„Ние сме длабоко загрижени поради тоа што се чини дека станува сè поголем јаз помеѓу изјавите и заложбите направени од српските политички власти и реалноста во врска со исполнувањето и почитувањето на ваквите обврски“, напишаа европратениците од третата најголема група во Европскиот парламент.

Ќе интервенира ли можеби Брисел во спречувањето на исфорсиран изборен процес и кај нас? Колку тоа ќе ги промени нештата дури и да се случи, ќе се знае наскоро.

Маја Терзиова