Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Албански медиуми: Зендели и Зекири му се заканувале на Заев – „Не гласаме влада со ДУИ“

Ќе се соочи ли Заев со отпор од”своите” за владината коалиција со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се соочи ли Заев со отпор од”своите” за владината коалиција со Ахмети?Дел од порталите на албански јазик пишуваат дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и Фадил Зендели од БЕСА се незадоволни од одлуката на Заев да коалицира со интегративците. Наводно му се заканиле со негласање за владата доколку биде продолжено партнерството со Ахмети. Зекири остро се спротивставувал на нова влада повторно со ДУИ, а Зендели бил уште по одлучен предупредувајќи го заев дека ако се договори со партијата на Ахмети ќе излезе од коалицијата и ќе дејствува како независен пратеник.

Зекири не одговараше на телефонските повици за да ја потври или демантира оваа информација, додека Зендели беше воздржан во коментарот и рече дека ќе го чека финалниот исход од преговорите за влада.

Реклама

“Да видиме што конкретно ќе биде договорено, па потоа ќе го изнесам мојот став”

Инаку на денешната средба на заев и Ахмети се очекува конечен договор за формирање влада. Вчера соопштија дека е постигнат напредок. Двете партии информираа дека е постигната начелна согласност во однос на распределбата на одговорностите според ресори, без да откријат детали за кадровските решенија.

Според она што се шпекулира во јавноста министерските позиции се веќе договорени, а средбата Заев- Ахмети е само про форма. Првата година неофицијално премиер ќе биде Насер Зибери. ДУИ ги добива и министерските места во одбрана, мвр, екологија, информатичко општество и администрација и вицепремиерско место. министерството за правда останува во рацете на СДСМ, а  неофицијално ќе го води Никола Димитров. и во финансии неофицијално ќе седне социјалдемократ. Според шпекуклациите и секторот образование ќе го води кадар на Заев. СДСМ се шпекулира дека ќе ги имаат здравство, труд и социјала и земјоделство. Други информации пак говорат дека ДУИ нема да добие дел од премиерскиот мандат или евентуално само о техничката влада, а би ги добил и мнр и министерството за финансии за каде се споменува Фатмир Бесими. Во тој случај министер за внатрешни работи повторно би бил Оливер Спасовски, а Талат Џафери во сите варијанти е опција за спикер на парламентот.

Градимир Марковски