Антимакедонската бугарска Фондација „Македонија“ со поддршка за Венко Филипче, во намерата да ја „ослободат“ ТВ Алфа. Невладината со која раководи провокаторот Виктор Стојанов, оди и уште подалеку, нашиот медиум според него немало да постои, а тие ќе отворале бугарски телевизии и портали.
-За кратко парите од Унгарија ќе сопрат и Алфа нема да ја има. Ќе отвориме 10 бугарски телевизии во Скопје и 100 портали, порачуваат од СДСМ.
Ова го пишува во коментар на социјалните мрежи под последната објава на Алфа за провокациите и навредите од претседателот на СДСМ.

Станува збор за организација која со 300 евра сакаше Македонците да ги прави Бугари. А по долги години провокации, целосно негирање и обиди за бугаризација на македонскиот народ, пред месец и половина конечно добија кривична пријава од надлежните во земјава.
Една од главните цели на оваа Фондација Македонија е внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Токму за тоа се залага и Венко Филипче, па оттука е јасно зошто добива директна поддршка.
-Земам лична одговорност да ја преземам целокупната одговорност и целокупниот терет па дури и по цена на мојата политичка кариера за да ние ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со Европската Унија. Доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање. СДСМ стои секогаш тука да ги поддржи сите процеси кои што значат развој на земјата, изјави Филипче.
Филипче со цел некако да ги протурка уставните измени, се обидува ја релативизира оваа тема, велејќи дека тие ќе биле само еден од народите кои ќе биле вметнати во Уставот.
-Внесување на малцинствата во Уставот не е само внесување на Бугарите, има и други малцинства кои што треба да се внесат во Уставот. И затоа со тоа, со тој чекор, што не претставува никаков ризик за нашиот национален идентитет, за нашата култура, за нашиот јазик, а тоа се уставните измени, изјави Филипче.
Инаку првиот човек на Фондација „Македонија“, кого конечно надлежните го гонат, пред македонската јавност стана познат токму по секојдневните провокации. Тој ги повикуваше Македонците да си го променат презимето од СКИ на ОВ или ЕВ, а за тоа да добијат 300 евра.
Стојанов се обидуваше да шири асимилаторска политика со таблети и тетратки, за како што велеше бугарските деца во Македонија. На помалку и смешен начин беше во акција да ги убедува Македонците од Албанија дека биле Бугари.
-Дојди. Чекај, чекај, Тука да ја поздравиш Бугарија.
-Кажи како се викаш?
-Ружди.
-Бугарин ли си?
-Да да.
-А тие деца Бугарчиња ли се?
-Да.
-Што сакате, тетратки?…, беше еден од разговорите кои ги имаше Виктор Стојанов.
Инаку Венко Филипче освен за наводно нелегално финансирање ја обвинува ТВ Алфа и за антиевропски наративи. Очигледно одбраната на националните интереси, на македонската историја и идентитет за актуелното раководство на СДСМ е одработување за Русија и за Кина.
Матеја Петровски
