Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

За власта сите се криви освен власта: Морало прво Бугари во Устав, а после ќе се средувала корупцијата

Сите освен власта се криви за се, барем според самата власт. Додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите освен власта се криви за се, барем според самата власт. Додека сите ни порачуваат дека треба да работиме на проблемите со корупцијата, владееењето на правото и другите важни реформи за напредок кон ЕУ, според премиерот Димитар Ковачевски единствениот услов кој требало да го исполниме се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав.

-Ние сега имавме празен гол, чист пенал и заради ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Демократски Сојуз не го шутиравме, тоа е тоа што се случи. И сега кога ќе ме праша некој како понатаму, само едно е понатаму, изгласување на уставните амандмани во Собранието, во овој парламентарен состав. Абе тој што чекал ништо не дочекал, тие правилата кој чека дочека, тие се за дефетисти и за губитници, вели Ковачевски.

Додека не убедува дека требало само промени во Уставот, вицепремиерот Бојан Маричиќ барем се свесен дека имаме проблеми и со домашните задачи. Ама работите ќе се поправеле кога ќе биле внесени Бугарите во Уставот и ќе сме ги почнеле преговорите.

Реклама

-Сите тие работи се решливи во еден период од четири-пет години за сликата целосно да се смени. Ние пред седум години сме биле заробена држава и тоа било верификувано во извештаите на ЕК. Денеска, со сите тие проблеми и во однос на владеење на правото, сме многу во различен контекст за пет години за седум години, можеме да бидеме многу подобро од тоа што сме денес, доколку работиме на тоа, затоа нашите институции треба да ги зајакнеме, изјави Маричиќ.

Врз оптимизмот на власта удри грчкиот дипломат Лукас Цукалис, кој порача дека ЕУ без внатрешни реформи не може да има нови членки, велејќи дека тоа би било катастрофа. Ни порача и дека мора сериозно да се зафатиме со работа во сегментите на корупцијата и владеењето на правото. 

-Новата рунда на проширување, вклучувајќи го Западен Балкан и земјите од Источна Европа ветува нема сомнеж тука да биде многу потежок од било кое проширување што се случило досега.  Бидејќи земјите кои што се кандидати за членство, секако постојат варијации меѓу земјите, меѓутоа генерално зборувано овие земји имаат сериозни проблеми, изјави Лукас Цукалис.

Проблемите во овие клучни сегменти за европскиот напредок беа нотирани и во последниот извештај на Европската Комисија, од каде стигна порака дека условите со корупцијата и владеењето на правото се и повеќе од проблематични за Македонија и мора да се работи многу посериозно на овие теми. 

Матеја Петровски