Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

За власта развоен, за опозицијата расипнички: Почна дебатата за буџетот во Собранието

Развоен буџет пропратен со фискална консолидација. Вака министерката за финансии образложи што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Развоен буџет пропратен со фискална консолидација. Вака министерката за финансии образложи што ќе се случува со државната каса на првиот ден од Пленарната седница за буџетот за 2025-та година во Собранието. Според неа, по првичното крпење дупки оваа година, следната веќе може да се очекува позначаен развој. Доказ за тоа, вели таа е што расходите од 6 и пол милијарди евра растат со побавна динамика од приходите кои ќе изнесуваат 5,8%. Инвестициите на општините и на компаниите кои ќе се поттикнат преку унгарскиот заем, вложувањата во патната инфраструктура долж коридорите 8 и 10, железницата ќе резуултуираат со силен инвестициски циклус. Таа вели дека истовремено се консолидираат финансиите, па јавниот долг ќе биде нешто над 62%, а дефицитот 4% од БДП.

За опозицијата, буџетот е нереален. Исплатата на платите согласно законското усогласување, покачувањето на примањата во здравството и образованието, зголемените пензии од март за дополнителни 2.500 денари, за СДСМ се недоволни аргументи за прекршувањето на фискалните правила. Оттаму велат дека јавниот долг бил многу поголем ако се земат в предвид долговите на јавните претпријатија.

Дел од пратениците сметаат дека СДСМ нема образ да критикува бидејќи на власт креирал купишта долгови кои требало да ги врати новата влада годинава. За нив, неумесни се обвинувањата дека не требало да има покачување на примањата на постарата генерација, односно на пензионерите.

Реклама

За предлог буџетот за 2025-та ќе се дебатира во следните 5 дена. Амандманската расправа заврши без прифатени амандмани. Буџетот се заснова на проекции за економски раст од 3,7% и инфлација од 2,2%. Капиталните инвестиции се поставени на рекордно ниво од 820 милиони евра.