Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што не заврши фатално, се случила на крајот на мај, а Центарот за јавно здравје дознал од анонимна дојава по шест дена што оневозможило да се пронајде изворот на масовното труење. Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во јуни имало и пет единечни труења кај граѓани.

Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје го објаснува случајот на труење на работниците од третата смена во прилепската фабрика во два часот изутрината на 28 мај кога при оброкот се затруле 38 од 75-те работници. Кај дел однив имало потешки симптоми со висока температура, гадење, повраќање, кај другите болки во стомакот, нагон за повраќање. Но сите се излекувани. Се затруле од храната која доставувачот ја донел во тетата смена.

-За епидемијата дознавме по анонимна дојава упатена во Институтот за јавно здравје кој нѐ извести нас, но со задоцнување, на 4 јуни. Иако, дел од заболените, уште истиот ден, на 28 мај и во наредните два дена побарале лекарска помош кај своите матични лекари, дел во инфективното одделение или во Итната медицинска помош. Во нашата служба немаше пристигнато ниту една пријава за труење со храна или на зголемен број на ентероколити, односно проливи. По дојавата беа известени санитарниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. Веднаш се побара список на сите вработени во фабриката кои конзумирале храна. Извршен беше увод во објектот каде се случило труењето и објектот, добавувач, местото каде се приготвувала храната. Во епидемијата, според нашите епидемиолошки податоци, заболеле 38 од 75 вработници, го објаснува случајот Мургоска Станимировиќ.

Реклама

Бидејќи било доцна, не можел да се пронајде изворот на заразата во објектот на доставувачот, но се знае дека заболените ја имале бактеријата салмонела.

-Земени се примероци од столица и најдена е бактеријата салмонела ентеритидис, чест предизвикувач на труење со храна, особено во летните месеци. Со оглед на тоа што епидемиолошкото испитување започна со задоцнување од 6 дена, направени беа увиди во објектот за подготовка на храна, но не можеше да се открие изворот. Но се констатира дека за подготовка на храна секогаш се користат свежи продукти. Иако изворот не е откриен со сигурност може да се каже дека причинител на труењето пронајдената бактерија салмонела во изметот кај заболените, изјави Мургоска Станимировиќ.

Во текот на јуни, во прилепскиот центар за јавно здравје имало пријавено и пет индивидуални случаи на труење со храна, а причинител да биде бактеријата салмонела.

-За жал, кај поединечните труења, тешко е да се открие извборот на зараза.

До изолирањето на причинителот, и самите заболени не може да се сетат што консумирале пред неколку дена, вели Мургоска Станимировиќ.

Салмонелата е бактерија која најчесто ја има во продукти од животинско потекло- месо, јајца, млечни производи. Епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ со препорака за термичка обработка на краната и да не се чува на собна температура.

-Мора да има добра термичка обвработка, посебно во овиел летни месецви кога може да настане труење. Освен тоа, да не се чува на собна температура, туку во разладни уреди. Салмонелата може да ја има и примарно во животните, објаснува Мургоска Станимировиќ.