Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

За студентите по 250 евра за електронски уред, за пензионерите зголемување 2000 денари

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите граѓани. Собранието донесе закони со кои се подобрува животниот стандард на студентите и пензионерите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Студентите ќе добијат по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред. Секој студент запишан во учебната 2025/2026 година, на државните или приватните универзитети, ќе добие 250 евра ваучер за купување на електронски уреди. Оваа мерка ќе опфати над 55 илјади студенти, 55 илјади електронски парчиња коишто ќе бидат наменети за студентите.

За разлика од минатите влади на СДСМ и ДУИ кои ги заборавија пензионерите, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни чекори. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории на граѓани со цел поквалитетен живот и зголемување на стандардот.

Реклама

Зголемување на пензиите за сите пензионери за 2.000 денари. Ова зголемување заедно со претходното од 5 000 денари значи вкупно зголемување од 7 000 денари по пензионер месечно. Грижата за пензионерите останува еден од клучните приоритети во социјалната политика“, потенцираат во соопштението.

Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку конкретни мерки е стратешка цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преку повисоки плати, пензии и поддршка на ранливите категории до поголема економска сигурност на граѓаните, додаваат во денешното соопштение од владејачката партија.