Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

За струмички „Аватар“ пломбата и забраната за работа не важат – и викендов си закажа журки, па ги откажа заради времето

Село гори, баба се чешла, очигледно по оваа поговорка се води струмичкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Село гори, баба се чешла, очигледно по оваа поговорка се води струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ што беше запечатен со пломба дека не смее да работи- па пак си организира журки. И покрај тоа што во јули беше затворен со налепница од државниот пазарен инспекторат и против сопственикот беше поднесена кривична пријава, оти ги прекрши здравствените протоколи па стотици граѓани без маски слободно се журкаа – „Аватар“ не застанува.

Зошто го прави ова менаџерот на клубот не беше достапен да одговори на повиците на Алфа.

Од Државниот пазарен инспекторат нѐ уверуваат дека клубот и покрај објавите, не смее и нема да му биде дозволено да работи.

Реклама
  • Стапено е во контакт со нив и предупредени се, ако повторно отворат, тогаш полицијата ќе ги притвори. Тоа што е објавено за 7,8 и 9-ти нема да го одржат, тоа јас ви гарантирам. Аватар беше затворен со налепница 15 дена, има и кривична пријава и не смее да отвори додека не се донесат протоколи за ноќните клубови. Ако и покрај предупредувањата отвори, самиот сопственик си влегува во нови кривични дела. Ние сме поднеле кривична пријава до Аватар, во меѓувреме тие ставаат друг да биде газда, бидејќи и на физичките лица им поднесуваме кривична пријава. Ќе поднесеш кривична пријава и веднаш си одат изјави Стојко Пауновски – Директор на пазарен инспекторат.

Тој додава дека најлесно им е да ги чекаат и да ги казнат, меѓутоа џабе кога направена е веќе штетата, се собрале луѓе и короната се пренесува. Вели дека судот касно ги процесира пријавите и дека имале кривични пријави поднесени во мај кои сѐ уште не се во процедура.

Во меѓувреме на социјалните мрежи пред неколку часа „Аватар“ објави дека поради неповолните временски услови програмата за овој викенд се откажува, воопшто не спомнувајќи го фактот што не смее да работи.

Клубот организираше големо отворање на 11-ти јули во време на пандемијата со корона, на кое присуствувале 1500 лица.

Дијана Тасева