Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

За само еден ден, два порази: Завршува ерата на владеењето на СЈО лобито во Јавното обвинителство?

Лобито на СЈО изгледа ја губи својата сила и поелка попуштаат стегите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лобито на СЈО изгледа ја губи својата сила и поелка попуштаат стегите кои овие луѓе ги имаа врз државното обвинителството, по згаснувањето на нивното. Двете одлуки на Советот, по изборот на новиот републички обвинител, првата дека немало притисоци врз обвинителката Ленче Ристовска и отфрлањето на дисциплинските постапки против Цветановски и Хајрулахи, фрлаат ново светло во повеќе годинишното функционирање на обвинителската служба. Експертите ја поздравуваат одлуката, но велат дека времето ќе покаже дали ова е почеток на расчтитувањето на ова силно лоби од функционирањето на обвинителите, кое беше посочено како виновник за слабиот рејтинг на оваа институција. Професорот Кекеновски укажува дека Советот ќе биде гарант на професионалност кога ќе констатира пропусти, без да прифаќа автоматизам, туку покажува дека постапката и правната логика.

  • „Но, вистинската доверба нема да се врати со една или две добри одлуки, ќе се врати дури тогаш кога јавноста ќе види дека ова не е исклучок, туку станува стандард. Значи, ова треба да се поздрави, вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители, но и да се памети, да се памети, бидејќи институциите не се ценат по тоа дали еднаш постапиле правилно, а сто пати неправилно, туку по тоа дали конечно решиле секогаш да постапуваат така согласно принципите на Уставот и законите“ вели Јове Кекеновски – Универзитетски професор.

Довербата на јавноста не се гради со една одлука, ниту се враќа преку ноќ, туку со континуитет – кога принципите ќе станат правило, а не преседан. Професорот оценува дека граѓаните не ги мерат предметите кога постапиле исправно, туку по тоа дали конечно решиле така и да продолжат.

  • „Но истовремено морам да бидам искрен да кажам дека ова отвара едно непријатно, но неопходно прашање каде беше оваа принципиелно досега сите овие години? Каде беше оваа внимателност кога со години јавноста гледаше селективност, кога гледаше молк, кога гледаше двојни стандарди и впечаток дека одредени процеси повеќе се водат според политичката клима отколку според правно, според правото и процедурата. И ако денес Советот конечно почнува да се ослободува од тие притисоци, било да се политички, било да се внатрешни, тогаш тоа е добро и за обвинителството и за државата“ вели професорот Кекеновски.

Советот на јавните обвинители, едногласно ја одби иницијативата на Ристовска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност во работата, премиерот вршел пртисиок со неговите изјави. За нејзе пак ваквата одлука значело дека обвинителите се оставени сами на себе да се справуваат со притисоците. Истовремено, Советот реши да го врати обвинителот Јован Цветановски на својата функција, откако едногласно ја укинаа неговата суспензија и го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата.