Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

За разлика од Србија, Албанија и Косово, Црна Гора и БиХ ја спуштија рампата: Нема патување без „северни“ документи

      Црна Гора и Босна ја спуштија рампата за македонските граѓани кои немаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Црна Гора и Босна ја спуштија рампата за македонските граѓани кои немаат патни исправи со новото име. Само граѓаните кои имаат нови документи ќе можат да патуваат во овие две земји и тоа на барање на македонските власти. „Наместо државата, веднаш да почне да ни нуди решенија за ублажување на штетните последици кои веќе силно ги чувствуваме од хаосот со промената на личните документи кој што самата го направи, таа дополнително не’ дозакопува“ – револтирано реагираат туристичките работници.

   „Еве, денеска, добивме известувања од Црна Гора и Босна дека тие се информирани од нашата држава дека пасошите и личните карти со „Република Македонија“ нема да важат после 13-ти февруари. И тие со големо жалење изјавуваат дека жалаат, ама мораат да го почитуваат барањето на нашата држава. Значи, нашава држава има пуштено известување за да не не пуштаат“ – резигринирано вели Бранко Карески, сопственик на Туристичка агенција од Прилеп.

  Апсурдот да биде уште поголем и побилен, досега ниту една надлежна државна институција не го контактирала овој сектор за, како што вели Карески, барем да им укаже на новите правила. „Штетите ни се преголеми. Не знаеме на каде тераме. Губиме пари, но губиме и кредибилтет кај нашите партнери. А и државата губи на својот имиџ. Почнавме да служиме за потсмев“, вели Карески и се чуди зошто министерот за надворешни работи, додека прави фотосесии по лично избрани амбасади и конзулати, не побара од земјите извесна толеранција на рокот на важност за постоечките документи.

Реклама

 „Општо е познато дека само државата која ти ја издала патната исправа може да ти ја укине, прекине. Инаку, ниедна друга држава не верувам дека ќе ни направаше забрана за влез, дали Германија, или Хрватска, или било која европска, па и светска држава. Кого го интересира, ако си имаш важечки пасош?! Наместо да ни помогнат, тие ни одмогнуваат“, дециден е Карески.

  Препуштени сами на себе, без апсолутно никаква помош од државата, туристичките работници, се обидуваат сами некако да ги зауздаат галопирачките загуби кои веќе поминале над 50 проценти. Затоа апрлираат, Владата итно да преземе мерки, и како што тоа се постигна старите лични документи дома да важат до Нова година, истото да се направи и за надвор од државава.  

Каролина Дурло