Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

За иницијативата за издвојување пет отсто од БДП за одбрана, ќе се следи состојбата со буџетот, најави Димитриеска Кочоска

Фискалната консолидација продолжува и понатаму. Она што сме го напишале во фисакалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фискалната консолидација продолжува и понатаму. Она што сме го напишале во фисакалната стратегија е наша обврска, кон која целиме и која ја реализираме. Отстапување од тоа нема.

Во однос на пет отсто од БДП за НАТО, ние во овој момент сме земја која е од оние земји кои најмногу издвојува, односно два отсто е обврската. Речиси сме во првите неколку земји кои издвојуваат блиску до два проценти, соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

– Ние правиме проекции на еден БДП, лани стапката ја проектиравме на 2,1 отсто, а БДП излезе повисок. Сега ќе имаме ревидирани и конечни, и по две години ќе знаеме колку точно сме издвоиле за НАТО. Но, во проекциите кога ги правиме пресметката е прецизна, 2 проценти. Ние сме земја членка на НАТО и нашата цел е да ги остваруваме обврските кои ни се зададени. Во колкав период, сега од овој аспект не можеме да зборуваме. Дали ќе биде веднаш, ќе видиме како ќе биде со состојбата со буџетот, па потоа ќе можеме да коментираме дали ќе може наеднаш тоа да го направиме или ќе ни треба период на прилагодување, појасни министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.