Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Прилози

За Груби нема место во базенот на Ахмети: Лидерот на ДУИ ќе одлучи кој ќе биде премиер на Македонија, ама тоа сигурно нема да е Груби

Артан Груби нема да биде премиер, за него немало место во големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби нема да биде премиер, за него немало место во големиот базен потенцијални кандидати на Али Ахмети. Првиот вицепремиер потврди дека тој нема да биде наследникот на Димитар Ковачевски, иако веќе беше така претставен на партиски собир во Чаир. Иден шеф на Илинденска ќе бил маж или пак можеби жена, како што неколку пати потенцираше Груби, а конечниот збор ќе биде на лидерот на ДУИ.

-Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на Македонија. (Ако не сте вие, дали знаете кој ќе биде?) Знам дека согласно коалицискиот договор, треба да биде предложен од страна на госдподинот Ахмети, од страна на ДУИ, како дел од коалицискиот договор. И сметам дека сите пратеници ќе го поддржат или ќе ја поддржат кандидатот или кандидатката за премиер во техничката Влада, изјави Груби.

Имиња на потенцијалните кандидати не сакаше да открива, ДУИ последниве две децении создале голем број способни кадри, вели Груби, па Ахмети ќе можел имал широк круг на луѓе меѓу кои можел да одлучува.

Реклама

-ДУИ во последните 22 години има изградено доволни институционални, административни капацитети и луѓе за да се справат со таа многу значајна и одговорна задача. И има базен од огромен број на луѓе и жени и мажи, кои што би можеле да се соочат со предизвикот, навистина има многу, верувајте има многу, изјави Груби.

Груби порача дека за неговата партија не било никаков проблем кога ќе се одржат изборите, дали заедно со претседателските или посебно, тие секако ќе однеселе убедлива победа во албанскиот политички блок. Инаку, според договорот постигнат меѓу Заев и Ахмети пред речиси три и пол години, последните 100 дена од овој владин состав, премиер ќе биде Албанец на предлог на ДУИ.

Матеја Петровски