Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

За еден месец 80 лица се сретнаа со министерот Алиу преку „Отворен кабинет”

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет“ се сретнаа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет“ се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу. Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување.

До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека за останатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување по ниве.

За потсетување, министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“, каде од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница-Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

Реклама

За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет”, која е достапна преку интернет страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/