Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

За два дена 1.322 сообраќајни прекршоци, 32 лица лишени од слобода за безобѕирно возење

Полициските службеници во текот на изминатите два дена (10 и 11 август),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициските службеници во текот на изминатите два дена (10 и 11 август), констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци во рамки на редовните контроли на патиштата низ државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Во истиот период, 32 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, три лица возеле под дејство на алкохол, 15 управувале возило без возачка дозвола, а едно лице возело и покрај претходно изречена забрана за управување.

Полицијата одзела и 13 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Реклама

Во рамки на сообраќајните контроли, евидентирани се и 302 прекршоци за неправилно паркирање, додека 16 возачи биле санкционирани за управување возило под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 106 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, како и 67 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети осум нерегистрирани возила, а две возила поради техничка неисправност. Дополнително, пет возачи биле санкционирани поради неисполнување на пропишаните услови за затемнување на стаклата на возилата (фолии).

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а до сите учесници во сообраќајот упатуваат апел за почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.