Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, денеска до Собранието ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително, Зајкова поднесе и барање за одржување на седница на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените, се вели во соопштението од ЛДП.

Пратениците од сите политички партии во Собранието повторно ќе имаат можност да дискутираат по предлогот на претседателката Зајкова и ќе добијат шанса со давање поддршка, вистински да застанат на страната на жртвите на насилство.

„Денес повторно го поднесуваме Законот за електронска нараквица со кој што се овозможува дополнителна заштита на жртвата, покрај нејзината пријава, која обезбедува аларм на жртвата  доколку сторителот се наоѓа во нејзина непосредна близина. Доста системот молчи, доста говориме за жените без да преземеме конкретни мерки. Пред Собранието повторно ќе се најде закон со кој што ќе може да покажеме дека навистина сакаме да обезбедиме заштита и превенција“, изјави претседателката Зајкова при поднесувањето на предлогот до Собранието.

Реклама

Покрај забраната за приближување, клучно е воведувањето на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри, со што ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата и ќе се намали можноста за нејзино повторно изложување на насилство.