Реклама
Македонија

Вториот круг од изборите заврши процесот на детронизацијата на Ахмети и ДУИ

Дебакл и силен удар за партијата на Али Ахмети – локалните избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебакл и силен удар за партијата на Али Ахмети – локалните избори се порака за ДУИ дека се на погрешен пат и дека кај граѓантие веќе не поминуваат нивните празни флоскули и националистичката реторика.

ДУИ ги изгуби сите поголеми урбани центри како Кичево, Струга, Дебар, Тетово… Ахмети кој постојано зборува дека неговите опоненти во албанскиот политички блок немале легитимитет, по вториот круг од локалните избори целосно делегитимиран – ги изгуби најголемите битки во општините со албанско население. Во првиот круг ДУИ води Гостивар, а победи во Липково, Пласница и Чашка. Поразот е толкав, што не им помогна ни флотата на чартер летови со таканаречени „гласачки туристи“ кои за време на викендот доаѓаа од Германија и Швајцарија за гласање. Во вториот круг, добија само една општина плус – Студеничани. Според политичките аналитичари, кај граѓаните веќе не поминуваат притисоците и националистичката реторика, туку се бараат резултати, отчетност и реални проекти кои ќе направат животот да биде подобар и без поделби.

За ДУИ е огромна порака бидејќи покажуваат дека се на погрешен пат за градење на политика во нашата држава. Националистичките пораки и повиците за етничко гласање, не им поминаа, имаа фијаско во две општини, имаа шверцување на гласачи од странство, еднаш за секогаш ДУИ веќе не може да повикува на таква кампања, и со пораките кои ги даде нивниот лидер, очекувам да се реструктуираат и да ја ребрендираат партијата бидејќи таа реторика веќе не поминува кај граѓаните, вели политичкиот аналитичар, Љуљзим Фаризи.

Реклама

За разлика од ДУИ, кои изгубија во сите урбани средини, Коалицијата Вреди убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и во Теарце. Во вториот круг ги добија Тетово, Дебар, Боговиње и Долнени. Победи и независниот кандидат во Струга кој беше поддржан од оваа коалиција. ДУИ пак, најголемо фијаско доживеа во Кичево, каде нивниот кандидат Фатмир Дехари после 12 години ќе се тргне од градоначалничката фотелја. 

Треба да се вратат во реалноста, да ја чувствувваат државата еднакво, сите граѓани исто да живеат, ова е мултиетничко општество. Иако имаа добар број гласови, но не ги добија сепак градоначалниците во големите општини. Во Липково и Пласница каде слепо гласаат гласачите, таму победија, но не добија ниту една поголема општина и тоа покажува дека граѓаните размислуваат поинаку од нив. Со ваквото размислување на ДУИ еве се покажа дека со ова губат, а дополнително дигнитетот и достоинството на кое тие се повикуваат, тоа може да го има само ако имаме добар социјален живот, а не на овој начин, додава Фаризи.

Крахот на ДУИ, почна лани, со парламентарните избори кога после две децении заминаа во опозиција – изгледа не научија ништо од грешките, па затоа една година подоцна, кризата само се продлабочи на локалните избори.