Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Втора конференција за атентатог на Глигоров: Македонското одвојување од Милошевиќевата Југославија е патоказот кон одговорот на 30 години страо прашање

Српската врска или излегувањето на Македонија од прегратките на милошевиќевата Југославија останува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српската врска или излегувањето на Македонија од прегратките на милошевиќевата Југославија останува како главна теорија за причина за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров – сметаат дел од учесниците на конференцијата по повод триесет години од атентатот врз првиот македонски претседател.

Како втора причина се наметнува и ставот дека 30 години немало желба од ниту една Влада да се расчисти грозомрниот чин кој ги вознемири граѓаните на 3 октомври 1995 година.

„Политичкиот амбиент беше исклучително сложен и во тоа време СДСМ ја имаше целокупната власт во сите институции, а ВМРО ДПМНЕ беше партија во опозиција и беше под силен притисок на власта. Во тоа време се имаше проценки и очекувања да се случи атентат врз Претседателот Киро Глигоров, но службите не ја сфатија таа сериозна можност или закана“, изјави поранешниот Министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Реклама

Според Трајанов има многу пропусти во целиот процес по атентатот. Не се спроведени ниту добри оперативни мерки за обезбедување на материјални и нематеријални докази, ниту пак е водена правилна истрага.  

Според Љубомир Гајдов, кој добро ја познава внатрешнополитичката сцена, преземањето на владина одговорност, а не одговорност на ресорните министри довеле до разводнување на постапката и неоткривање на егзекуторите.

„Професорот Светомир Шкариќ, професор по уставно право, колега на Претседателката Сиљановска кој во своето осмо издание на уставно право и во својата книга научно толкување на уставот, кажа две многу ваѓни работи.  Дека прв пат во историјата на државата и правото колективен огрган, владата на Црвенковски, ја презема вината на министерот Фрчковски. И второ,  во историја и теоријаправо и филозофија на право нема институт понудена оставка или е оставка или не е оставка. За триесеттина години државата не успеа ниту да го превенира атентатот, ни да открие кој го направи тоа„, рече Гајдов.

Конференцијата предвидува анализа и потсетување на што е или не направено на и после кобниот 3 октомври 93-тата. Претходната се случи пред 15 години, но дебатата,а уште повеќе дилемата, за тоа кој го изврши атентатот – останува.