Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици

Во Скопје денеска продолжува Регионалната министерска конференција „Предводење на промените:„Патеки кон демографска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска продолжува Регионалната министерска конференција „Предводење на промените:„Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА.

Вториот ден од Регионалната конференција ќе започне со обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши и Помошник генерален секретар и заменик-извршен директор (Програма) в.д, УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации  Пио Смит. 

Првата панел дискусија е посветена на Реформите на политиките и системите за адресирање на демографските промени: примери од светот на која говорници се министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заменик-министерот за здравство и социјална заштита на населението на Таџикистан Зулфиа Абдусамацода, државниот секретар во Министерството за семејна благосостојба и демографија на Србија Лазар Петровиќ, регионалниот постојан претставник на ММФ – Регионална канцеларија за Западен Балкан Себастиан Соса, програмскиот менаџер од HelpAge International, Виетнам Виет Нга Чу, и регионалниот советник за демографска отпорност и политики од Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Фабио Лоса. 

Реклама

Втората панел дискусија е посветена на Политики за зајакнување на луѓето а говорници се државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска, секретарот во Министерството за социјална благосостојба, семејна грижа и демографија на Црна Гора Едмир Калач, вонредниот професор, директорка на лабораторијата за семејства и генерации, Универзитет Кардинал Стефан Вишински и Економско училиште во Варшава, Полска Моника Минарска, Јосипа Матошевиќ од IMACO Systemtechnik, Оддел за човечки ресурси, Босна и Херцеговина, шефот на Одделот за население, УНЕЦЕ Лиса Варт. 

Третиот панел е посветен на  Политики за поддршка на луѓето во транзиција, а на оваа тема ќе зборуваат амбасадорот и претседател на Советот на ЦОР на БиХ Милош Прица, раководителот на сектор од Министерство за економија и финансии, Узбекистан Шохјахон Јусупов, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов, директорот на Унијата на работодавачи на Република Српска Саша Ачич, координаторот за население и развој, УНФПА Турција Ајсел Јиксел. 

Завршни зборови на конференцијата ќе имаат регионалната директорка на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации за Источна Европа и Централна Азија Флоренс Бауер и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. 

Конференцијата ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, а се обратија и министрите за социјална политика, демографија и млади и за надворешни работи и надворешна трговија, Фатмир Лимани и Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник-генерален секретар и заменик-извршен директор во УНФПА, и Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа.