Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати

Подобрување на билатералните односи и зголемување на економската соработка меѓу Македонија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на билатералните односи и зголемување на економската соработка меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Ова е целта на неколкудневната посета на македонската делегација на Емиратите предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски потпиша два договори, едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии.

Владината делегација оствари бизнис средби со стопанските комори на Шарџа и Дубаи. Се разговарало за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во делот на трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Биле разменети идеи за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали кои ги нудат двете држави. Предвидени се бројни средби за неколку дена, а ќе се потпишат неколку договори за економска соработка.

Реклама

– Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфрструктурата, туризмот, во делот на земјоделието. Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија, рече вицепремиерот Николоски.

Македонската делегација разговара и за зголемување на бројот на туристи од Емиратите кај нас и обратно. Голем дел од преговорите е посветен на воведување најмалку два нови лета со тамошниот авиопревозник Ер Арабија. Земјава во мај повторно ќе има авионско поврзување до Емиратите, поточно до Дубаи преку операторот Флај Дубаи.

– Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот. Со овие средби се надеваме дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува, изјави вицепремиерот Николоски.

Владината делегација претходно се сретна со Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. За утре е предвидена средба со премиерот и владетел на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.