Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Прилози

Врховниот суд наложи ново разгледување на разрешувањето на судијките во случајот „Телеком“

Суспендираната и разрешената апелациска судијка Наташа Савовска-Димитровска го повикува Судскиот совет да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Суспендираната и разрешената апелациска судијка Наташа Савовска-Димитровска го повикува Судскиот совет да постапи законски откако Врховниот суд донесе одлука да се повтори постапката за нејзиното разрешување, како и за разрешувањетто на судијката Роза Георгиева кои одлучувале во спорот меѓу македонски Телеков и штипскиот интернет провајдер Фокуснет. Станува збор за штета од вртоглави 4 милиони евра кои телеком поради злоупотреба на монополска положба треба да ги исплати на штипскиот провајдер,

Савовска Димитровска тврди дека информациите за постоењето на двоен записник се обични шпекулации кои го нарушуваат нејзиниот интегритет. Обвини дека Судскиот совет одлучувал под влијание на центри на моќ односно дека членката Тања Чачарова Илиевска не смеела да поднесе барање за одговорност бидејќи била членка на претседавачкиот одбор на Телеком. Според неа, таа добивала и паричен надомест од Телеком, па затоа има судир на интереси. Савовска Димитровска во Стразбур ќе докажува дека Чачаровска Илиевска направила повреда. Поднесена е и пријава до Антикорупциска за судир на интереси, но досега оттаму ништо не е направено.

Според јавно достапниот извештај на Судскиот совет за предметот „Телеком“, утврдувањето на вистината е во надлежност на Обвинителството. Но оттаму индормираат дека се води предистрага за овој случај, но не за постапувањето на разрешената судијка. Во извештајот се наведува дека постојат спротивставени изјави на судиите, вклучително и тврдење дека во предметот завршил погрешен записник, поради што Судскиот совет оценил дека е потребна истрага надвор од неговите ингеренции и предметот го доставил до Основното јавно обвинителство Скопје. На обвинувањето на третата судијка која постапувала заедно со Савовска Димитровска дека и бил вршен притисок, адвокатот на судијката негира.

Реклама

Инаку, Тања Чачарова Илиевска пред да влезе во Судски совет била донатор на СДСМ и претходно советничка на екс премиерот Зоран Заев. Таа е избрана од Собранието како член што не доаѓа од редот на судиите, односно како истакнат правник, по предлог на пратеници од тогашното парламентарно мнозинство на СДСМ.