Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Време е за ред, безбедност и вистински центарец, Мирослав Лабудовиќ

Во преполната сала на Музејот на Современа уметност, вчера се одржа промотивната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во преполната сала на Музејот на Современа уметност, вчера се одржа промотивната Конвенција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која беа претставени кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, и советничката листа, стои во соопштението на ЗНАМ.

-На Центар му треба предводник кој ќе биде вистински претставник на граѓаните. Доволно млад и енергичен, доволно стручен и посветен татко на општината. На Центар му треба човек кој ќе воведе ред, ќе создаде урбан развој наместо хаос, ќе го исчисти, ќе го направи безбеден и ќе се бори за секоја негова педа. На Центар му треба вистински центарец. На Центар му треба Мирослав Лабудовиќ, беше пораката што силно одекна на Конвенцијата.

Во своето обраќање, Лабудовиќ се обврза дека нема да биде градоначалник кој работи само пред избори, туку човек што ќе им служи на граѓаните секој ден од својот мандат. Тој најави ревизија на сите спорни урбанистички планови, нови катни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај новата Железничка станица, чиста и безбедна општина со енергетски ефикасни фасади, како и изградба на Центар Хаб – мултифункционален младински и културно-технолошки центар.

Реклама

-Секогаш пред очи ќе ја имам главната цел – моите сограѓани. Ќе работиме секојдневно за да го подобриме нивниот живот и Центар да му го вратиме на граѓанинот,“ истакна Лабудовиќ.

Носителот на советничката листа, Мишко Барзов, додаде дека со визија, системски решенија и чесна работа, советниците на ЗНАМ ќе изградат поуредена, почиста и побезбедна општина, додека лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача: „Не смееме да дозволиме Центар да остане во погрешни раце. Време е за промена, време е за вистински човек кој и знае и може. Тој човек е нашиот Миро.“

Движењето ЗНАМ на овие избори настапува самостојно со советнички листи во 53 општини и во градот Скопје, со кандидати за градоначалници во Куманово и Центар.