Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ВРЕДИ: Владееме одговорно, работиме посветено и ја одржуваме довербата на народот

Синоќа, во големата сала „Борис Трајковски“, Скопјe беше трансформирано во центар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа, во големата сала „Борис Трајковски“, Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство. Илјадници и илјадници граѓани го исполнија секој агол од салата, додека стотици други останаа надвор поради големата толпа. Се извинуваме за ова, бидејќи срцата на Албанците чукаа толку силно што ниту една сала не можеше да ги собере, се наведува во соопштението од коалицијата ВРЕДИ.

Синоќа, Скопјe и сите Албанци беа ЕДЕН ГЛАС. ВРЕДИ не ветува, ВРЕДИ работи. Ова го докажаа делата што секој aлбанец ги гледа денес: 40 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ затоа што сакаме вистинско знаење, а не безвредни дипломи. 25 милиони евра за плоштадот „Скендербег“ за срцето на Скопјe да чука исто за Албанците. 80 милиони евра за албанските општини, стотици спроведени конкретни проекти и речиси уште 240 милиони евра до 2028 година за фер и еднаков развој. 2300 вработени Албанци и 700 напредувани, ова е „правична и соодветна застапеност“, а не статистичка измама.

Затоа, со полно убедување ви велиме: ВРЕДИ не е список на ветувања, туку инвентар на дела. ВРЕДИ не е проект за кампања, туку национален проект.

Реклама

Владееме одговорно, работиме посветено и ја одржуваме довербата на народот. Не слушате навреди за Албанците од нас, но гледате дела за Албанците.
Сега е време Албанците повторно да ја земат својата судбина во свои раце! Исто како што го ослободивме Тетово од угнетување во 2021 година, исто како што ја соборивме неправдата од централната власт во 2024 година, така ќе ги ослободиме Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Скопје и Липково.

На 19 октомври, секој од нас треба да ги земе работите во свои раце. Да не дозволиме оние што се преправаат дека се патриоти да го лажат народот со празна реторика, да продолжат да ве оставаат без вода за пиење, без канализација, без патишта и без развој.

ВРЕДИ е гласот на Албанците.