Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

ВРЕДИ: Промотивната конвенција на Јакуп Хусеини, Брвеница се определува за промени

Брвеница се обедини околу визијата за ново поглавје. Со големо учество на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брвеница се обедини околу визијата за ново поглавје. Со големо учество на жители од сите населени места во општината, промотивната конвенција на Јакуп Хусеини ги собра на едно место симпатизерите, структурите на ВРЕДИ и претставниците на централната власт, стои во партиското соопштение.

Во присуство на министри, пратеници и функционери на ВРЕДИ, Јакуп Хусеини ја претстави програмата за следните четири години, изработена врз основа на потребите што ги слушнал за време на средбите со жителите од сите населени места во Брвеница.

Транспарентно управување, економски развој и вклучување на дијаспората, повеќе можности за младите и инвестиции во инфраструктурата и животната средина се четирите столба врз кои Хусеини има намера да ја гради идната работа на општината.

Реклама

Програмата се темели на конкретните потреби на секое населено место: училишта, патишта, улично осветлување, водоснабдување, мостови, спортски простори, заштита од поплави и проекти за развој на туризмот и локалната економија.

За Јакуп Хусеини, оваа трка се темели и на неговото шестгодишно искуство како службеник во Општина Брвеница, каде што бил вклучен во подготовката и реализацијата на проекти за жителите.

На ова искуство се надоврзува целосната поддршка од ВРЕДИ и од централната власт. Министрите, пратениците и функционерите на ВРЕДИ ќе бидат дел од овој ангажман, со цел Брвеница да има институционална поддршка и конкретни проекти за својот развој.

Масовноста на конвенцијата во Челопек и поддршката од сите населени места во Брвеница го ставаат Јакуп Хусеини во центарот на трката за промени во општината.

Со бројот 4, ВРЕДИ ја цели победата во единаесеттата општина.