Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВРЕДИ: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. ВРЕДИ го оценува овој развој како дел од нов пристап кој ја гледа границата не како пречка, туку […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

ВРЕДИ го оценува овој развој како дел од нов пристап кој ја гледа границата не како пречка, туку како точка на поврзување, каде што административните процедури се заменуваат со институционална координација и побрза динамика на движење.

Овој модел носи реална промена во секојдневието на граѓаните, директно придонесувајќи за намалување на сезонските гужви, особено во летните месеци кога значително се зголемува сообраќајот меѓу Македонија и Албанија.

Реклама

Покрај техничкиот аспект, ова претставува јасен политички сигнал за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на економските, туристичките и семејните врски меѓу двете земји.

Побрзото движење на луѓето значи и повеќе размена, повеќе трговија и повеќе можности за развој на локалните бизниси од двете страни на границата. Во овој контекст, „One Stop Shop“ се гледа како дел од поширок регионален пристап, кој веќе се имплементира и на границите со Косово и Србија, создавајќи унифициран стандард за олеснување на движењето и зголемување на граничната ефикасност.

Ваков чекор се очекува да послужи како пример за понатамошно унапредување на практичната регионална интеграција, во духот на европските стандарди за слободно движење.