Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Вреди: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, се вели во соопштението на Вреди од денешната прес-конференција на Дритон Сулејмани.

Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што стојат под него, туку во начинот на кој тој неправедно беше присвоен од една единствена партија и претворен во политички капитал.

Во името на овој договор и на жртвата што стои зад него, се појавија луѓе опседнати со фотелји и моќ, луѓе вкочанети од власта. Во негово име се појавија милионери, се издигнаа семејни бизниси и се изгради систем што им служеше на мал број луѓе.

Реклама

Охридскиот договор не е тапија на ДУИ. Не е сопственост на Али Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика. Тој е историско достигнување на Албанците.

ДУИ повеќе од две децении имаше власт до гуша. Имаше министри, заменици-министри, пратеници, директори и функционери во секој сегмент од државата.

Да сакаа, денес правичната и соодветната застапеност ќе беше гарантирана со закон. Децентрализацијата ќе беше завршена работа.

Но не го направија ниту едното, ниту другото.

Правата на Албанците не одат во опозиција заедно со ДУИ. Ниту Охридскиот договор Али Ахмети може да го понесе со себе во опозиција.

Оваа приказна повеќе не поминува.

Вреди не го споменува Охридскиот договор само кога доаѓа годишнината. За нас, тој е обврска за конкретна работа.

Тоа значи правичната и соодветната застапеност да се заштити со закон. Усвојувањето на овој закон не е само спроведување, туку и унапредување на Охридскиот договор.

Тоа значи вистинска децентрализација, со повеќе надлежности и финансиски средства за општините, што го правиме како никогаш досега, со над 1.200 проекти.

Дваесет и пет години подоцна, време е да му го вратиме достоинството на Охридскиот договор. Не само како правен документ и договор што стави крај на конфликтот, туку како историско достигнување на Албанците, втемелено во уставниот поредок и како трајна заложба за еднаквост.