Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВРЕДИ: Нашата работа се смета за конкретна, серија инвестиции и промени во текот на 11 месеци

За само 11 месеци владеење, ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само 11 месеци владеење, ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.

300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.

Реклама

35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус “Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.

20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот “Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.

250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.

Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.

Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.

Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.

720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.

Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина, стои во соопштението на ВРЕДИ.