Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Културата e во сигурни раце, ансамблите се зачувуваат и зајакнуваат

Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Посветеноста на Владата на ВЛЕН и заменик-министерот за култура, Седат Сулејмани, донесе добри вести за Тетовскиот музички ансамбл.

Оваа институција не само што опстојува, туку напротив, се зајакнува. Во моментов, интензивно се работи на комплетирање на документацијата за целосна функционализација на оваа институција, вклучително и вработување на околу 20 уметници во првата фаза.

Реклама

Ова е важен чекор кон целосна операционализација на оваа институција и јасен доказ за посветеноста на развојот на албанската култура.

Во исто време, Ансамблот за песни и игри во Скопјe веќе доби одобренија за 5 нови вработувања. Овие случувања јасно го демонстрираат институционалниот пристап на ВЛЕН, каде што културата се третира како стратешка вредност.

ВЛЕН останува посветена да гарантира не само заштита, туку и понатамошен развој на албанските културни институции, преку конкретна поддршка за уметниците, творците и нашето културно наследство.

Уште еднаш докажуваме дека албанската култура не се заштитува со зборови, туку со одлуки, со институционална одговорност и јасна политичка визија.