Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВРЕДИ: Коцкарската мапа на државата се црташе кај Артан Груби

ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината, денес се обидува да манипулира со теми што самата ги произведувала со години. Иронијата е брутална. Тие што со години ја претворија индустријата на игрите на среќа во политичка каса, денес глумат лудило. Апсурд кој не држи вода, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Вистината е едноставна. Кога ДУИ зборува за казина, од позадина зборува црната кутија на Артан Груби. Таа кутија со години го држеше овој сектор под контрола преку неговата десна рака, бегалецот Прпарим Бајрами, го лиценцираше, го управуваше и го претвори во механизам за политичко влијание, уцени и тесни интереси. Денес ДУИ не открива проблем, туку се сопнува од сопствените траги.

Ако ДУИ сака да зборува за лиценци, адресата им е добро позната. Нека ја побараат кај Артан Груби и кај сопствената политичка архива, таму каде што со години се цртала коцкарската мапа на државата.

Реклама

Црната кутија на Артан Груби не е затворена. Таа допрва ќе зборува. А кога ќе прозбори, ќе стане јасно кој, меѓу другото, ја изгради и коцкарската империја.