Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

ВРЕДИ: Инвестираме во грижата и образованието на децата од градинките

Како Влада на ВЛЕН, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Влада на ВЛЕН, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за нашите граѓани. Како дел од инвестирањето во подобри образовни услови и инфраструктура во предучилишното образование, Владата на ВЛЕН инвестира во изградба на градинки во Чаир и Синчилиѓ. До 2028 година, се очекува да се создадат речиси 4.000 нови простори во градинките низ целата земја, преку изградба на 28 нови капацитети. Како што најави министерот Фатмир Лимани, досега се изградени капацитети што овозможуваат сместување на околу 1.500 деца, додека во изградба се уште 11 објекти што ќе обезбедат простор за уште над 1.100 деца, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Оваа инвестиција е важен чекор кон пошироко вклучување на децата во образовниот систем од рана возраст, гарантирајќи подобар и порамноправен почеток за сите деца без етнички, социјални или регионални разлики. Современите дневни центри што се градат се опремени со современи и модерни стандарди, што обезбедува безбедна, топла и образовна средина за децата и нивниот развој. Оваа инвестиција од Владата која се грижи за граѓаните уште еднаш ја покажува важноста што се дава на инвестирањето во иднината на земјата преку квалитетно образование за нашите деца од предучилишна возраст.

Покрај директните придобивки за децата, преку обезбедување поквалитетно образование, овие проекти позитивно влијаат и на животот на нивните родители, кои ќе имаат повеќе можности за професионално ангажирање на своите работни места. Бидејќи грижата, безбедноста и образованието на децата ќе се одвиваат во дневните центри што се градат. Овој проект, исто така, го промовира локалниот развој, создава нови работни места и ја зајакнува заедницата.

Реклама

Владата на ВЛЕН останува посветена на создавање одржлива образовна инфраструктура што ќе им служи на сегашните и идните генерации!, стои во соопштението на ВРЕДИ