Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: И Билен Салији го остави заглавен правосудниот испит

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери. Сега на ред е Билен Салији, уште еден кадар на ДУИ кој го имаше Министерството за правда во раце, но испитот по правосудство на албански јазик го остави таму каде што го затекна, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за албанските студенти. Неговото име се памети по наводната „оставка“ по случајот со малиот Алмир, кога Бобан Илиќ им ја разоткри немоќта на овие лажни патриоти.

Таа оставка ДУИ сакаше да ја продаде како морален чин. Но нивниот морал трае колку снег во јули. Салији си замина од Правда, но не и од удобноста. Излезе од една државна врата и влезе низ друга, во МЕПСО.

Реклама

Тоа е школата на ДУИ. Кога имаа одговорност, ги немаше. Кога имаа функции, беа први во редот. Кога Албанците имаа мака, молчеа. Кога требаше да се најде фотелја за своите, летаа како ракета.

Затоа Билен Салији треба да каже зошто, додека беше министер за правда, правосудниот испит го остави нерешен. Зошто не ја помрдна оваа работа ниту за еден милиметар?

Албанците повеќе немаат потреба од лажен морал. Имаат потреба од решенија, а решението за студентите доаѓа со ВРЕДИ.