Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВРЕДИ ги објави кандидатите за градоначалници: Меџити и Османи во директна битка за Чаир

Централното претседателство на ВРЕДИ го одржа својот следен состанок и, меѓу другото,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централното претседателство на ВРЕДИ го одржа својот следен состанок и, меѓу другото, ги разгледа кандидатурите за претстојните локални избори, соопштија од ВРЕДИ.

По овој повод, Претседателството на ВРЕДИ заклучи дека примарна цел на овој субјект останува да предложи најприфатливи кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси.

Врз основа на ова, Претседателството на ВРЕДИ ја одобри оваа листа на кандидати за градоначалници.

Реклама

– Во Тетово, кандидат на ВРЕДИ ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами.

– Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити.

– Во Струга, ВРЕДИ го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.

– Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани.

– Во Дебар, кандидат на ВРЕДИ ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.

– Во Градот Скопје, ВРЕДИ го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.

– Во Сарај, кандидат на ВРЕДИ ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази.

– Во Липково, ВРЕДИ го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.

– Во Арачиново ВРЕДИ ќе настапи со Даут Беќири.

– Во Желино ќе продолжиме со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу.

– Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.

– Во Боговина, ВРЕДИ го кандидира Фети Абази.

– Во Брвеница, ВРЕДИ го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.

– Во Долнени, ВРЕДИ ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Цернилиште.

Во оваа прилика, ве известуваме дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати и потенцијални, секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини.

Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на ВРЕДИ и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на ВРЕДИ и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност.