Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

ВРЕДИ: Ги насочуваме странските инвестиции кон нашата земја!

Претставникот на ВЛЕН, во својство на министер за европски прашања, Орхан Муртезани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставникот на ВЛЕН, во својство на министер за европски прашања, Орхан Муртезани, во последните денови престојуваше во Јапонија каде што оствари плодни средби со претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и важни личности и бизнисмени во Јапонија. Ваквите средби означуваат важен момент во нашите билатерални односи со Јапонија, велат во партиското соопштение од Колаицијата ВРЕДИ.

Соработката со JICA има долга и консолидирана историја што вклучува децении пријателство и конкретна солидарност. До денес, Јапонија инвестираше над 421 милион долари во клучни проекти за развој на Северна Македонија. Овие инвестиции вклучуваат витални сектори како што се здравството, заштитата на животната средина и поддршката на малите и средни претпријатија – носејќи опипливи придобивки за нашите граѓани и економијата на нашата земја.

За време на дискусијата, беше нагласена важноста од отворањето канцеларија на JICA во Северна Македонија, иницијатива што ќе ја интензивира координацијата, ќе ја зајакне институционалната соработка и ќе го олесни спроведувањето на нови проекти на терен. Физичкото присуство на JICA во Скопје би донело нов ритам во нашата соработка и би послужило како точка на контакт за долгорочни проекти.

Реклама

Гледајќи кон 2025 година и понатаму, ја потврдивме нашата посветеност да продолжиме со нови иницијативи во областа на туризмот за мали и средни претпријатија, со што ќе го зајакнеме локалниот економски развој и ќе изградиме поодржлив модел на развој.

Партнерствата како она со Јапонија не се само изолирани проекти, туку дел од сеопфатен пристап насочен кон зголемување на институционалните капацитети и подобрување на животот на граѓаните.

ВЛЕН е посветен на економскиот развој за да им го олесниме животот на нашите граѓани!, стои во соопштението на Коалицијата.