Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВРЕДИ: Димитар Апасиев ја потврди и бетонира коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и Данела Арсовска

Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон Данела Арсовска за нејзините активности нарачани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон Данела Арсовска за нејзините активности нарачани од ДУИ, против граѓаните на Чаир и Сарај, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Димитар Апасиев повеќе не ја крие коалицијата на Левица, ДУИ и Арсовска.

Ако на граѓаните на Чаир, Сарај и Скопје не им беше јасна причинита за хаосот кој го предизвикува Данела Арсовска, сега се станува јасно. Тоа е плод на соработката на ДУИ со Левица.

Реклама

Целта на оваа коалиција е да ги затскрие и заштити дивоградбите кои ги имаат направено Кланот на ДУИ и нивните бизнис партнери во Скопје, Сарај и Шуто Оризари.

Целта на оваа коалиција е да обвинат други, да обвинат обични албански фамилии кои едвај легализирале по 50/60 квадрати стан или куќа, за да се скријат халите, базентите, зградите, и другите објекти на Кланот ДУИ кој владее во Сарај и Шуто Оризари.

Очигледно Данела Арсовска има некој ситен ќар од кланот на ДУИ, па се брукаат во јавност.

Директори на јавните претпријатија во Скопје се кадри на Блерим Беџети од една страна и на Левица и Димитар Апасиев од друга страна.

Тоа што не се чисти, не се собира ѓубре, не се перат улици, и тоа во населби каде што живеат Албанците, е плод на коалицијата на Блерим, Апасиев и Данела. Нивните директори свесно не ја вршат својата работа.

Коалицијата во Град Скопје ја гледаме секогаш на седници на Советот на градот.

За извештаите на директорите од ДУИ секогаш позитивно гласа Левица, за извештаите на директорите од Левица пак возвраќа со гласање ДУИ.

Коалицијата на Левица, ДУИ и Данела Арсовска, во една своја изјава, ја потврди и поранешниот заменик градоначалник на Скопје, Александар Трајановски.

На Албанците во Скопје, треба да им биде јасно, дека целиот хаос, нечистоти, градби и бизниси се заради личните интереси на Кланот на ДУИ и Данела Арсовска. Прекрасна соработка за нив и во нивна корист, а на штета на Албанците во Скопје.

Во Сарај ништо не се вложува.

На ден 12.10.2021 Арсовска пред јавноста вети „За сите населени места во Сарај ќе има посебна програма со приоритет, со кои ќе се решават клучните проблеми во инфраструктурата, водовод и канализација. Конечно ќе се изгради и кружниот тек на влезот во Сарај. Ќе се поврзи Кањонот Матка со автопатот и обиколницата.

Цел мандат и помина, ништо нема направено.

Во Чаир уште полошо. Ниту булевари, ниту паркови. А вети се.

Она што не го вети, а го исполни се директорските места за кадри на Блерим и Апасиев.

Граѓаните на Скопје, на Сарај, на Чаир, не смеат да бидат заложници на бизнис интересите на Кланот на ДУИ и Данела Арсовска.

Ја повикуваме градоначалничката на Скопје, да ги прати јавните претпријатија да си ја завршат својата работа. Скопје, Сарај и Чаир се дават во ѓубре, во нечистотија.

Одговорност ќе има. Граѓаните не се слепи. Доста ги потценувате.

Се удирате во гради од патриотизам, а работите со Апасиев.

Доста е од ДУИ. Доста е од трул систем на штета на Албанците.

ВЛЕН во следните денови во детали ќе ја информира јавноста за сите диви објекти на Кланот на ДУИ кои владее во Сарај и Шуто Оризари.

ВЛЕН ќе ги информира и институциите, МВР, Антикорупциска и Обвинителството.

Јавноста ќе ја види сликата на Данела и ситниот интерес на Димитар Апасиев, но ќе ја види и целата криминална империја околу Кланот на ДУИ кои владеат во Сарај и Шуто Оризари, стои во соопштението на ВРЕДИ.