Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Вреди“: Бујар Османи заборави на своето минато, народот не

Човекот кој со години се обидува да седне на тронот на Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Човекот кој со години се обидува да седне на тронот на Али Ахмети, Бујар Османи, денес се однесува како да паднал од Марс, заборавајќи дека самиот е симбол на сите владини скандали што ги остави зад себе.

И по две децении апсолутна власт, ДУИ не научи ниту што значи достоинствено владеење, ниту како се однесува опозицијата во демократско општество. Денес, ги гледаме изгубени во панична битка за опстанок, молејќи за уште малку власт како за последен здив.

Во отсуство на идеи и визија, ДУИ ги мами граѓаните со лажни ветувања и очајнички повици за предвремени избори. Но сите знаат — ова е борба за спас на нивното богатство и нивните компромитирани досиеја кои секојдневно излегуваат на виделина.

Реклама

Граѓаните добро знаат со кого имаат работа:

  • Со Бујар Османи, кој доделуваше тендери за рента-кар како бакшиш за пријатели.
  • Со Блерим Беџети, кој ја претвори Скопје во хаос заедно со Данела Арсовска.
  • Со бегалецот Артан Груби, човекот кој се најде на црната листа откако му помогна на Сашо Мијалков да избега од правдата.

И сега ДУИ мисли дека Албанците ќе им поверуваат повторно?
Каде се ветените ISO-стандардите? Каде се одговорите од европските институции?

Сите знаат: тие само лажат, крадат и манипулираат.

Особено срамно беше кога во собраниската “Соба 16”, ДУИ го понуди цел државен пазар — четири министерства и претседател на Собранието — само за да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ наместо да остане во опозиција.

Не е чудо што денес, откако ја изгубија моќта, прибегнуваат кон потпалувачка реторика и лажни обвинувања за наводно понижување на Албанците. За ДУИ, власта никогаш не беше обврска кон народот — туку алатка за лично богатење.

Денес, кога едно по едно им се отвораат истрагите за корупција, ДУИ бара “краток пат” назад на власт преку создавање на кризи и уценување со бојкот на изборите. Не за Албанците. Не за иднината. Туку за сопствениот спас.

Граѓаните знаат: без суштинска програмска и кадровска промена, ДУИ нема да ја види власта уште долго време!, стои во соопштението на Коалицијата Вреди.